Инфлацијата во Турција во мај изнесува 11,39 проценти

Од:

Годишната стапка на инфлација во Турција минатиот месец се искачи на 11,39 проценти, додека во мај изнесуваше 10,94 отсто, соопшти Турскиот институт за статистика (ТуркСтат) .

Тоа се должи, пред се на зголемените цени за превоз и на услугите во мај за 1,36 проценти проценти.

На годишно ниво најголем пораст на цените во мај е забележан на алкохолни пијалаци и тутун од 21,41 отсто и на трошоците за домување од 14,5 проценти.

Инфлацијата се зголеми откако турската Централна банка ја намали каматната стапка на 8,25 отсто и се очекува инфлацијата до крајот на годината да достигне 7,4 проценти.

Според турската Централна банка инфлацијата може да биде висока на краток рок, поради сезонските и новите ефекти поврзани со пандемијата со Ковид-19 врз цените на храната.

Би можело да ве интересира

Турција се приклучи на „коалицијата на спремните“, подготвена е да го надгледува мирот

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки

Ердоган: Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија