Инфлацијата во октомври 19,8 отсто, постои ризик да се зголеми повеќе

Од:

Инфлацијата во месец октомври била 19,8 отсто, а просечното ниво за периодот од јануари до октомври изнесува 12,3% што се должи на растот на цените на прехбранбените производи.

„Во однос на најновите показатели, годишната стапка на инфлација во октомври достигна 19,8%. Забрзувањето во целост се должи на порастот на цените на одредени типови прехранбени производи на домашниот пазар. Со тоа, просечната годишна инфлација во периодот јануари – октомври 2022 година изнесува 13,2%, од кои и натаму ¾ се должат на растот на цените на прехранбените производи и на енергијата. И покрај тоа што факторите коишто придонесуваат за раст на инфлацијата претежно се увезени ценовни притисоци, тие влијаат и врз инфлациските очекувања. За ова придонесува и неизвесноста од идната динамика на цените на примарните производи на берзите, а особено на енергентите, којашто е нагласена поради воените случувања во Украина и санкциите кон Русија. Оттука, од исклучителна важност е водењето претпазливи домашни политики и внимателното управување со домашната побарувачка. Според тековните остварувања и оцените за увозните цени, ризиците за инфлацијата се нагорни“, соопштија од Народна банка.

На 15 ноември 2022 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на монетарната политика.

На седницата на Комитетот беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за 0,75 процентни поени до нивото од 4,25%. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари. Согласно со зголемувањето на основната каматна стапка, зголемени се и каматните стапки на кредитот преку ноќ, расположливите депозити преку ноќ и на седум дена, исто така за по 0,75 п.п. Исто така, на седницата одржана на 14 ноември, Советот на Народната банка донесе одлука за промена на стапките на задолжителна резерва на банките, заради натамошно стимулирање на штедењето во домашна валута. Измената на овој инструмент, којашто е четврта по ред оваа година, опфаќа зголемување на стапката на задолжителна резерва на банките за обврските во странска валута од 18% на 19%. Зголемен е и делот од задолжителната резерва во странска валута којшто банките го исполнуваат во евра, од 75% на 77%, со што се зајакнува ефектот од промената во овој инструмент. Се очекува дека со мерката ќе се засилат започнатите промени во каматната политика на банките и дека банките ќе понудат поповолни камати за сите категории денарски депозити, придонесувајќи за посилен раст на штедењето во домашна валута. Истовремено, со оваа промена би се придонесло за оптимално управување со ликвидноста.

„Промените во поставеноста на политиката на Народната банка се реакција на зголемените ценовни притисоци. Инфлацијата во последните месеци забрза, за што растот на цените на храната има најголем и растечки придонес. Тоа го нагласува влијанието на увезените ценовни притисоци од храната и енергијата врз домашната инфлација, врз коишто монетарната политика нема директно влијание. Сепак, имајќи ги предвид преносните ефекти и подигнувањето на инфлациските очекувања, овие поместувања во инфлацијата наметнуваат потреба од монетарна реакција. Со оглед на врзаноста на нашата валута со еврото, при одлучувањето влијаат и промените во монетарната политика на Европската централна банка.

Во однос на активноста во домашната економија, бруто домашниот производ во првото полугодие од годината забележа умерен реален раст од 2,6%. Сепак, расположливите високофреквентни податоци за домашната економска активност во третиот квартал упатуваат на забавување на реалниот економски раст, видливи преку значителното забавување на реалниот годишен раст на прометот во вкупната трговија и падот кај индустриското производство и кај извршените градежни работи. Ова, заедно со надолните ревизии на странската побарувачка поради ефектите од воениот конфликт во Украина и енергетската криза, упатува на понеповолни изгледи и надолни ризици за растот во следниот период“, е стабот на НБРМ.

Би можело да ве интересира

Економскиот раст годинава 2,3%, инфлацијата 3,5% проектира Народна банка

Гувернерката ги прими стипендистите од ЕФА: Народната банка дава поддршка за развој на младите

Трошоците на живот во септември на годишно ниво повисоки за 2.6, а цените на мало за 3.3 отсто

Владата нема да интервенира со ограничувања на цените: Не е наша политика да се одржува зголемена и вештачки набилдана јавна потрошувачка

Катерина Ѓуровски

Народната банка потпиша меморандум со Клубот Алпбах за унапредување на финансиската писменост

Трошоците на живот во јули на годишино ниво повисоки за 3.0 %, а цените на мало за 3.9 %