Индустриското производство во јули помало за 2,2 отсто

Од:

Индустриското производство во јули годинава, во однос на јули 2016, е помало за 2,2 отсто. Во периодот јануари – јули 2017 година, во споредба со истиот период лани, пак, е поголемо за 0,7 отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули бележи опаѓање од 3,4%, во секторот Преработувачката индустрија од 2,6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има пораст од 2,1%.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во производството на облека, на метали, на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и производството на машини и уреди.

Според главните индустриски групи, производството во јули 2017 година, во однос на јули лани, бележи пораст кај Енергија за 0,6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,4%, додека опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,6%, Капитални производи за 2,5% и Трајни производи за широка потрошувачка за 14,2%.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата