Индустриското производство во јануари зголемено за 12 проценти

Од:

Индустриското производство во јануари е зголемено за 12 проценти во однос на истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Пораст има во секторот Снабдување со електрична енергија, гас и пареа за 50,8 проценти и во секторот Преработувачката индустрија за четири проценти. Зголемувањето во преработувачката индустрија се должи на зголеменото производство на пијалаци, тутунски производи, текстил, мебел, фармацевтски производи, метали, електрична опрема, машини и уреди, моторни возила, приколки и полуприколки.

Опаѓање од 2,2 проценти се бележи во секторот Рударство и вадење на камен.

Гледано по главните индустриски групи, пораст има кај Енергија за 44,6 проценти, Капитални производи за 15,7 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 23,7 проценти, додека опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,1 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,1 проценти.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата