IMD: Балканот најнепривлечен за странски инвестиции во светот

Од:

Балканските држави се меѓу најнепривлечните за странски инвестиции, се вели во анализа на IMD (International Institute for Management Development).

Според истражување, најлошо рангирана држава од Балканот е Хрватска која се наоѓа на 58 место на листата од 60 анализирани држави. Нема анализа за Македонија.

Од останатите држави од Балканот најдобро рангирани се Турција – на 37 место, Словенија на 52, Грција на 54 и Бугарија на 57 место на листата на IMD.

Според резултатите од наведеното истражување речиси сите држави од Балканот се рангирани меѓу 20-те најлошо рангирани држави по конкурентност.

Истражувањето на швајцарскиот IMD не ги опфатило сите државу од регионот, но според последните резултати од глобалната конкурентност на Светскиот економски форум, БиХ се на 88 место, Црна Гора на 72, Албанија на 89 и Србија на 95 место од 144 држави од светот.

На врвот на листата на IMD се САД, по нив следува Швајцарија, Хонг Конг, Шведска, Сингапур, Норвешка, Канада, ОАЕ, Германија и Катар.

Од најдобро рангираните 20 држави во светот, десет се европски што значи дека Европа е најконкурентен континент.

Швајцарскиот IMD зема предвид 60 типични пазарни економии, а критериумите покажуваат економски движења и финансиски прилики врз основа на економски резултати, ефикасност на јавниот сектор, ефикасност на бизнис-секторот и развој на инфраструктурата.

Би можело да ве интересира

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот