Главниот извршен директор на „Тесла“, Илон Маск најави дека размислува да ја претвори компанијата во приватна фирма, набрзо откако се појави информација дека фонд од Саудиска Арабија купил удел во неа, јави ДПА.
Маск на Твитер објави дека размислувам да ја претвори „Тесла“ во приватна компанија за сума од 420 долари по акција. – Финассирањето е обезбедно, дополни Маск.
По ваквите информации акциите на „Тесла“ забележаа раст на вредноста за седум проценти.
Пред најавата на Маск, „Фајненшал Тајмс“ објави дека државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија во текот на оваа година купил меѓу три и пет отсто од акциите на „Тесла“, за што платил меѓу 1,7 и 2,9 милијарди долари.
Според лондонскиот весник, купопродажбата на акциите најверојатно се случила во текот на март кога суадискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман престојуваше во САД.