Илјадници тони овошје скапуваат во Грција поради руското ембарго

Од:

Вкупно 12.000 тони праски и нектарини останаа во фрижидерите на земјоделските задруги во северна Грција како резултат на руското ембарго, а околу 13.000 тони овошје се уште не е обрано, покажа пописот што го направија локалните земјоделски власти во соработка со стопанската комора.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, годишното производство на праски и нектарини во регионот Иматија во северна Грција е 140 илјади, односно 60 илјади тони.

Христос Јанакис, шеф на асоцијацијата на земјоделски задруги на Иматија, изјави дека камиони полни со овошје наменето за Русија се на пат назад кон Грција, истакнувајќи дека се прават напори сите 70 камиони, од кои секој носи по 20 тони, да се продадат по многу ниски цени на потрошувачи во Украина, Чешка, Полска и Унгарија.

Јанакис исто така информира дека на почетокот од наредната недела ќе се одржи состанок меѓу министерот за рурален развој Јоргос Карасманис и претставници на производители-извозници на кој ќе се дискутира за следните чекори што треба да се преземат.

Денеска во Брисел ќе се одржи состанок на земјоделски експерти од 28-те земји-членки на Европската унија на кој би требало да се направи проценка на пошироко влијание на руското ембарго, во пресрет на пресметките за надоместокот што треба да го добијат погодените земји.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Естонците се обидоа да го нападнат рускиот танкер, а потоа се појави Су-35“

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Литванија и Латвија му забранија на Вучиќ да лета за Москва