Илија Филиповски презема 65,93 отсто од акции на „Технокомерц“

Од:

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија му издаде дозвола на Илија Филиповски да даде понуда за преземање на „Технокомерц“ АД Скопје. Како што соопштуваат од Комисијата за хартии од вредност станува збор за понудата за преземање на 14.504 обични акции со право на глас издадени од „Технокомерц“ АД Скопје, кои претставуваат 65,93 проценти од основната главнина на друштвото.

Преземањето на хартиите од вредност ќе се врши по цена од 1.000 денари по акција.

Преземачот Илија Филиповски не утврдил најмала количина обични акции на кои се однесува понудата за преземање која треба да биде прифатена за понудата за преземање да се смета за успешна.

Понудата за преземање ја дава “Комерцијална банка” АД Скопје , Дирекцијата за вршење услуги со хартии од вредност во име и за сметка на лицето Илија Филиповски.

Преземачот е постојан акционер во “Технокомерц” АД Скопје, кој поседува 7.496 акции.

Би можело да ве интересира

Склучен нов Меморандум за соработка меѓу Народната банка и Комисијата за хартии од вредност

Ана Ололовска

КХВ предупредува: Finance Group One нема дозвола да нуди услуги за инвестирање

Ана Ололовска

Заради измамнички и манипулативни дејствија, КХВ трајно му ја одзема дозволата на Друштвото за инвестиционо советување Ј.К. Морган и Велтх Менаџмент

Жарко Настоски

КХВ и наложи на Македонската берза привремено да го прекине тргувањето со акциите од ЗК Пелагонија

Македонски средношколци ќе учат за пазарот на хартии од вредност

Ана Ололовска

КХВ на заедничка маса со берзанската индустрија

Ана Ололовска