ИАТА: Двегодишната загуба на авиокомпаниите ќе изнесува 157 милијарди долари

Од:

Меѓународното здружение за воздушен превоз ИАТА соопшти дека авиокомпаниите, поради вториот бран на пандемијата на коронавирус, оваа и следната година би можеле да претрпат загуби во износ од 157 милијарди долари. ИАТА проценува дека бројот на патници годинава ќе се намали на 1,8 милијарди од ланските 4,5 милијарди.

ИАТА, со седиште во Монтреал, Канада, објави извештај за економските и финансиските изгледи на глобалната индустрија за воздушен транспорт. Во Извештајот се проценува дека потрошувачката во воздушниот сообраќај годинава ќе падне на 340 милијарди долари, што е за 61,2 проценти помалку од 2019 година.

Се наведува дека трошењето во авиосообраќајот во текот на 2021 година треба да се зголеми за 40,1 процент во споредба со 2020 година и да достигне 476 милијарди долари.

Експертите на ИАТА сметаат дека, поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, авиокомпаниите може да претрпат загуба од 118,5 милијарди долари оваа година, и 38,7 милијарди долари следната година, што би претставувало вкупна загуба од 157 милијарди долари.

Во јунскиот извештај за изгледите во воздушниот транспорт, ИАТА процени двегодишна загуба од 100 милијарди долари.

Авиоиндустријата е една од индустриите кои трпат најтешки последици за време на кризата предизвикана од глобалната пандемија на коронавирус.

Би можело да ве интересира

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран