Кипарскиот претседател Димитрис Христофиас денеска изрази надеж дека преговорите, што неговата влада ги води за добивање на надворешна финансиска инјекција, се многу блиску до спогодба, сооошти весникот „Филелефтерос“.
Се наоѓаме многу блиску до потпишување на меморандум со Тројката меѓдународни кредитори од Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, се наведува во пишаната изјава на кипарскиот шеф на државата, што се појави во Брисел.
Христофиас уште кажа дека многу скоро може да се надминат разликите и оставените недоговорени прашања.
По тешките преговори со Тројката и имајќи ги предвид тешкотиите кои ги преживува нашата земја, ние сме многу блиску до потпишување на меморандум со Тројката, изјави Христофиас.
Тој подвлече дека прашањата кои остануваат да се решат, се „многу ограничени“ и дека е можно многу скоро да се надминат разликите.