Хотелиерите и угостителите бараат намалување на ДДВ за храна од 18 на 5 проценти

Од:

Хотелиерите и угостителите ќе бараат намалување на ДДВ-то за храна од 18 на 5 проценти. Доколку им се дозволи ова, тогаш средствата кои нема да ги плаќаат за ДДВ, ќе ги искористат за нови инвестиции.

Од Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија денеска на прес-конференција посочија дека ослободените средства би ги искористиле за надминување на проблемите со кои се соочуваат како што се недостигот од свеж капитал, за едукација на неквалификуваните кадри и за покривање на загубите на вработените во периодот на т.н. мртва сезона.

– Хотелите и рестораните за храната што ја послужуваат плаќаат на крајниот производ 18 проценти ДДВ, а суровините што ги внесуваат за производство на таа храна се оданочуваат со пет проценти ДДВ. Имајќи ја предвид ваквата диспропорција, Здужението за угостителство и туризам изготви иницијатива со која ќе побара намалување на ДДВ за храната, освен за пијалоци, истакна Даниела Михајловска-Василевска од Стопанската комора на Македонија.

Според Здружението за угостителство и туризам, со доделувањето на субвенциите во туризмот се бележи континуиран раст на бројот на странски туристи во државата.

Согласно статистичките податоци, во периодот јануари – април годинава во Македонија престојувале 151.007 туристи што е за 8,7 проценти повеќе од истиот период минатата година. Зголемување за 19,8 проценти се бележи кај странските туристи, додека намалување има кај бројот на домашни туристи. Најбројни се туристите од Турција, по што следуваат оние од Грција, Србија, Бугарија и Косово.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Цените не се намалени, власта да го прифати предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ на храната

Горан Наумовски

Со нашиот предлог ќе поевтинат над 250 категории прозиводи вели СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

Угостителските услуги за една година поскапеле за 6,3 отсто

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

Мицкоски: Им фалат пари во буџетот, затоа зголемуваат данок на основни производи