Француската групација „ПСА Пежо Цитроен“ (PSA Peugeot Sitroen) со германската компанија Роберт Бош (Robert Bosch) развија хибриден систем, чии мотори во еден дел ќе ги придвижува компресуван воздух.
Од компанијата истакнуваат дека со новиот систем, што ќе оди по називот „Хибрид Ер“ (Hybrid Air), на пазарот ќе излезат до 2016 година, пренесува порталот „аутомотив њуз“.
Американскиот гигант Џенерал Моторс (General Motors) ќе има пристап до новата технологија, како дел од Алијансата на американската компанија и ПСА групата.
Новата технологија ја користи компонентата на компресиран воздух, што ја извлекува енергијата за согорување од сопирачките на автомобилот.
Хидрауличниот систем ќе овозможи автомобилот да се вози на три начини – традиционално со работа на моторот, хидраулички или со комбинација на двата метода.
Автомобилот во градски услови, благодарение на новата технологија, ќе може да се вози дури до 80 отсто од времето без работа на моторот, а со тоа и без емисија на штетни гасови. ПСА групата наведува дека новиот систем ќе ја преполови емисијата на штетни гасови ЦО2 во споредба со моменталните хибридни модели.
Бош соопшти дека новата технологија може да се комбинира со било кој неконвеционален мотор, и дека е погодна за сите сегменти на патнички автомобили и лесни камиони во урбано возење.