Гувернерот на Централната банка на Кипар одбива да поднесе оставка под притисок на власта

Од:

Гувернерот на Централната банка на Кипар, Паникос Димитријадис одбива да се повлече од функцијата по серијата критики на негова адреса од страна на претседателот на земјата, Владата и лидерите на партиите, јави ИТАР-ТАСС.

– Ако се повлечам под политичкиот притисок тоа на меѓународен план може да биде сфатено како удар врз независноста на финансискиот регулатор, изјави Димитријадис во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, додавајќи дека има разбирање за тешкотиите и тензиите што се појавија во врска со досега невидените реформи во финансискиот сектор на Кипар.

Димитријадис стана цел на напади по крахот на банкарскиот систем во Кипар, што ја принуди земјата да бара меѓународна помош, чие доделување беше условено со спроведување сериозни реформи и прогласувањето банркот на втората по големина кипарска банкарска институција Народната банка.

Претседателот на Кипар, Никос Анастасијадис соопшти дека ја разгледал можност за предвремено отстранување на гувернерот на Централната банка од функцијата.

Шефот на државата го критикуваше Димитриајдис дека „неадекватно и нестручно ги извршувал своите службени обврски“ и дека многу често отсуствувал од земјата.

Димитријадис не ги прифаќа ваквите критиките, истакнувајќи дека Централната банка добро се справила со преструктурирањето на банкарскиот сектор во земјата, а добила и пофалби од кредиторите.

Политичката интервенција во надзорната работа на Централната банка не делува позитивно врз враќањето на довербата кон банкарскиот сектор, оцени првиот банкар на Кипар.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ