ГСЕЕ: Во 2012 година 3,9 милиони Грци биле под прагот на сиромаштијата

Од:

Околу 3,9 милиони Грци биле под прагот на сиромаштијата минатата година во споредба со 3,1 милион во 2011 година, покажуваат податоците на Грчката конфедерација на трудот ГСЕЕ, објавени денеска од весникот „Етнос“.

Даночниот систем на Грција е најнеправедниот механизам кој функционира во државата и е изработен на начин на кој ги осиромашува работници, а ги збогатува луѓето со високи примања, оценува синдикалната организација.

Според податоците на ГССЕ од директни даноци од работниците и пензионерите во Грција се внесени 6,5 милијарди евра во 2009 година, 6,9 милијарди евра во 2010 година, 7,1 милијарда евро во 2011 година, додека даноците внесени од фирмите изнесуваат 4,7 милијарди во 2009, 4,1 милијарда во 2010 и 3,6 милијарди во 2011 година.

ГССЕ бара повлекување на нацрт-законот за даноци и предлага да бидат обезбедени дополнителни средства за социјалните фондови, како и поефикасна борба против даночните должници, стапката на ДДВ-то да биде намалена за потрошувачката кошница и да има прогресивно даночно олеснување за сите извори на приходи.

МИА

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент