Груевски: Раздвижување во економијата има, но се уште треба да останеме внимателни

Од:

Растот на индустриското производство во првите два месеца од годинава, од 4,2, и 4,5 проценти, според премиерот Никола Груевски укажува дека има одредено раздвижување во економијата, кое е резултат на реализираните инвестиции кои во минатото беа најавени и веќе се остварија. Тие, според него, имаат влијание и во делот на индустриското производство, но и во делот на вработеноста.

– Во последните два месеца  има одредено раздвижување, иако се уште треба да останеме внимателни бидејќи состојбите во еврозоната се уште се не толку добри, се уште се загрижувачки, но самата најава дека во втората половина на годината и во еврозоната се очекува еден мал раст дава надеж дека со сите наши мерки, реформи што ги правиме, излегување во пресрет на бизнис заедницaта и слично, ќе успееме оваа година да ја завршиме најмалку со проектираниот раст и со  другите проектирани економски параметри, изјави премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарски прашања по традиционалниот појадок со бизнис заедницата.

Според него, важно е што во еден тежок период на европска должничка криза имаме исто толку активности, можеби, како што рече, повеќе отколку што сме имале претходно во однос на привлекување инвеститори како домашни, така и странски и нивно охрабрување да инвестираат што повеќе, да извезуваат, да отвораат нови работи места.

Премиерот Груевски додаде дека во тој дух Владата се труди да  прифатат и максимум од нивните барања за да се направи што е можно подобра бизнис клима во која подобро ќе стопанисуваат, ќе работат, ќе прават профити и ќе отвораат нови работни места.

Би можело да ве интересира

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски