Груевски до бизнисмените: Богати сте колку што можете да дадете

Од:

Премиерот Никола Груевски денеска ги повика успешните македонски компании да покажат поголема општествена одговорност и да издвојат средства за хуманитарни цели, за поддршка на образованието, уметноста, на талентираните ученици и студенти.

– Во минатото тоа беше силна одлика на повеќето македонски успешни компании. Кризата ја смени таа реалност. Но, се чини дека отидовме во крајност која никогаш не била присутна во Македонија. Во контактите со спортските федерации, клубови, македонските уметници, пејачи, композитори, автори на различни видови уметнички дела, слични категории на лица и институции ми укажуваа дека како никогаш во минатото успешните фирми покажуваат голема незаинтересираност за активности кои влегуваат во таканаречената општествена одговорност или драстично ги имаат скратено средствата, што е на граница на етичките форми на успешниот бизнис. Да се приграби се за себе, а да не се помогне никому околку себе никаде на светот не е каратеристика на успешните луѓе и фирми, рече Груевски обраќајќи се пред бизнис заедницата.

Тој додаде дека како и секаде во светот и во Македонија ова треба да биде секојдневна пракса за успешните компании.

– Ништо не може да понесеме со нас кога ќе заминеме од овој свет. Размислете малку за една стара мудрпст која мојот покоен вујко Јордан Мијалков постојано ја кажуваше: „Богат си онолку колку можеш да дадеш“, мислејќи да му помогнеш некому финансиски тогаш кога му е потребно. Вие знаете добро дека таа помош покрај вистинската цел да помогнете некому може да биде и одлична реклама за вашата компанија, рече македонскиот премиер.

Додаде дека во Америка оваа активност е доведена до таква совршеност што поимотните леѓе кои не се општествено одговорни се предмет на презир од околината.

– Едноставно до толку дел од културата е воспоставен да не се заборави општествената одговорност, што еден успешен бизнисмен не може да биде почитуван ако не издвојува од својата заработка и не помогне некому за здравствени, образовни, социјални потреби или за спортисти, пејачи уметници, еколошки проекти …, рече премиерот Груевски.

Тој истакна дека доколку некој каже оти тоа е обврска на државата, тоа е случај и во Америка, Германија, Словенија, Турција, Унгарија и, како што рече,  секаде низ цивилизираниот свет, но таму успешните се натпреваруваат кој повеќе вложил во општествена одговорност.

– Трката по профит е нешто што секоја држава го помага и се гордее со најуспешните. Но, немојте да заборавате на светот околу себе, на хуманоста и на поддршката на талентираните. И во светот и кај нас имаме илјадници кои со таква поддршка успеале и постигнале врвни резултати во животот за себе, за фирмата која им помогнала, за државата, но и за општеството. Ние сакаме капитализам, но не суров туку со човечки лик, рече Груевски.

Додаде дека како одговор на тие што ќе кажат оти тоа е обврска на државата ќе посочи на фактите дека Македонија е можеби единствена држава во светот која ги покрива речици целосните трошоци за лекување во странство на своите граѓани, која ги покрива сите трошоци за студирање, постдипломски студии или специјализации  на некој од првите 100 рангирани универзитети во светот, односно 200 во делот на техничките науки, како и ретка држава која финансиски поддржува создавање македонски музички дела.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото