Грозданов: Рударството не е закана, туку можност за економски напредок

Од:

По неодамнешниот инцидент во рудникот „Тораница“, јавноста по којзнае кој пат се најде во лавина од информации, реакции и обвинувања. Сценариото е веќе познато – еден изолиран случај предизвикува општа анатема врз целата индустрија. Но дали ова е вистинскиот пристап?
„Рударството, кога е регулирано и модернизирано, не е закана, туку шанса,“ вели инженерот Виктор Грозданов во својата анализа. Според него, проблемот не лежи во самото постоење на рударската индустрија, туку во начинот на кој таа се регулира, контролира и модернизира.

Македонија располага со значајни минерални ресурси – бакар, олово, цинк – кои се од стратешко значење не само за локалниот, туку и за европскиот пазар. Во време кога се зборува за дигитална и енергетска транзиција, токму овие суровини се клучни за батерии, кабли, соларна енергија и други зелени технологии.

Но, наместо да водиме конструктивна дебата за тоа како да се подобрат условите во индустријата, јавноста е често изложена на популистички пароли. „Затвори го рудникот“ не е решение. Напротив – тоа значи затворање на работни места, намалување на локалниот развој и увоз на суровини од земји со многу пониски еколошки стандарди.

„Наместо емоции, ни треба рационален пристап, заснован врз стручност, модерна технологија и засилен инспекциски надзор,“ додава Грозданов.
Рударството, ако се води на исправен начин, може да биде алатка за локален и национален развој. А со иновации, транспарентност и соработка со заедниците – може да стане пример, а не проблем.

Би можело да ве интересира

Македонија чекор поблиску до европско рударство: нови закони во март

Домашното рударство во слободен пад, додека глобалната трка по нови наоѓалишта се засилува

А1он

Банката на Америка предвидува рекорди за бакарот, македонското рударство пред предизвик

Божиновска на средба со новото раководство на Рудник „САСА

Грозданов: Рударството е современа индустрија – да ги слушаме експертите, а не најгласните!

Божиновска: Рударството мора да биде двигател на развојот – поддршка само за одговорни компании