Грин Машинс на БРАКО на саем во Мексико Сити

Од:

Електричните машини за урбана хигиена на БРАКО беа изложени на големиот саем Експо Резидуос 2025 (Expo Residuos) кој се одржа во главниот град на Мексико од 25 до 27 март.

Застапникот на Грин Машинс, мексиканската компанија Мегамил, и претставниците на фирмата-ќерка на Грин Машинс во Калифорнија, САД, во прв план ги понудија електричните компактни машини од моделот 400ze, кои се управуваат рачно и овозможуваат чистење на пешачки површини, паркови, градски јадра, трговски центри, аеродроми и сл., притоа нула бучава и со нула загадување на околината. Изложен беше и моделот 636 на класичен погон, кој е многу баран на мексиканскиот пазар.

Саемот во Мексико Сити се одржува по осми пат и претставува најголем настан во земјата за вмрежување на сите субјекти во индустријата за јавно чистење и постигнување циркуларна економија во собирање, управување, уништување или рециклирање на отпад.

Инаку, Грин Машинс на БРАКО неодамна го извади на пазарот најновото, деветто возило за чистење, електричниот 720ze, за кој производителот очекува да биде многу баран поради неколку предности во својата категорија, пред се, постигнувањето значајно поголем капацитет на контејнерот, а вкупна тежина под 3,5 тони, што прави да може да биде управуван со возачка дозвола Б-категорија, во услови кога општините и комуналните претпријатија се потешко наоѓаат возачи со повисока категорија за управување на поголемите возила за чистење.

Би можело да ве интересира

Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев

А1он

9-тото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот

Горан Наумовски

Огништа од БРАКО за вечерните забави на Винтерфест во Велес

Анѓушев и Шалев предновогодишно со работниците на БРАКО

А1он

БРАКО на Aнанас: Медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас

А1он

Грин Машинс на БРАКО на клучен еропски саем за зелена и циркуларна економија во Италија