Гренхолм: Требаше да го запреме „Северен поток-2“ пред да биде изграден

Од:

Министерот за енергетика на САД, Џенифер Гренхолм, изјави дека не ја поддржува одлуката на Администрацијата на претседателот Џо Бајден да се омекнат санкциите кон Nord Stream 2 AG, компанијaта оператор на гасоводот „Северeн поток-2“.

Ова синиќа го објави весникот Вашингтон егземинер. Според Гренхолм, нејзиното министерство не учествувало во консултациите поврзани со омекнувањето на казнените мерки против овој проект. Министерката изјави дека, сепак, таа е против изградбата на гасоводот.

-Една од причините според кои сметам дека гасоводот е многу опасен е тоа дека со него се транспортира највалканата форма на природен гас на Земјата, изјави таа. Според неа, прашањето за санкции кон „Северен поток-2“ требало да се подигне порано.

-Тоа е добра лекција… Требаше да го запреме (проектот) пред тој да биде изграден, изјави Гренхолм.

Би можело да ве интересира

Русија: Британската морнарица го разнесе Северен тек

Ана Ололовска

Полскиот претседател повика на укинување на Северен поток 2

Швајцарија му даде уште време на Северен поток 2 за подмирување на финансиите

Ана Ололовска

Москва: Замрзнувањето на Северен поток 2 ќе нанесе непоправлива штета на руско-германските односи

А1он

Кулеба: Одлуката на Шолц за „Северен тек -2“ е морално, политички и практично исправен чекор.

Германија го запира Северен поток 2