„Грекзитот“ можеби е избегнат, но поделбите во Европа се продлабочуваат

Од:

Гардијан – Лондон

Иако договорот за Грција помогна да се избегне отворен расцеп, старомодната геополитика ги влече дури и старите членки на ЕУ во различни насоки.

Кога европските лидери се појавија по повеќе од 16 часа преговори за да го објават договорот со кој ќе се задржи Грција во еврозоната, се појавија три нешта. Прво, зацрвенетите заморени очи на речиси сите кои земаа збор на прес-конференцијата, на која дознавме, се очекувало преговорите да траат неколку часа, а продолжија цела ноќ.

Второто нешто е отсуството на официјална прес-конференција на човекот за кој може да се каже дека го предизвика целиот тој проблем – грчкиот премиер Алексис Ципрас. Тој малку подоцна разговараше неофицијално со новинарите. Тогаш стана јасно дека симболите не лажат.

Иако формулациите во договорот се многу претпазливи, иако предложениот приватизациски фонд ќе биде во Грција, а не во странство, како што првично се предлагаше, тоа ја лишува Грција од огромен дел од нејзиниот суверенитет. Можеби и не е сосема „преврат“, како што се спомнуваше неколку пати во текот на ноќта, но – освен ако грчкиот Парламент не се заинаети – Грција веќе не е господар на сопстевената судбина.

А третрото нешто кое остави впечаток беше редовното користење на лидерите на ЕУ на зборовите „доверба“ и – што е уште позначајно – „едногласно“. Потребата од доверба беше лесно објаснива: во минатото, најмногу Германија, но не и само таа, многу пати се почувствувала измамена од Грција и нејзиниот неуспех строго да ги исполнува обврските од задолженијата. Ангела Меркел цврсто решила тоа повеќе да не се случува и беше подложена на притисок и од јавноста и од сопствените пратеници, да се врати на железните гаранции.

Споемнувањето на едногласноста, вклучувајќи и од претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск, и од претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, беше уште познајачно. Официјални и неофицијални изјави пред и за време на ноќните разговори покажаа дека има разногласија кои отидоа подалеку од стариот двобој меѓу Берлин и Атина. Финска, која вообичаено претпочита помек приод кон дипломатијата во ЕУ, јавно го поддржа тврдиот приод на Германија. Истото го стори и Словачка, уште една вообичаено кротка земја од еврозоната.

Далеку посликовити беа разногласијата кои се покажа дека ги има меѓу Германија и Франција. До неделата вечерта, Ангела Меркел и Франоса Оланд речиси херојски се стремеа да демонстрираат единствен фронт, взаемно посетувајќи ги престолнините за подготвителни разговори пред речиси секоја вака спорна дискусија во ЕУ за Грција.

Ако се има во предвид дека Меркел е тврд десноцентрист и непоколеблив привразник на разумните трошења, а Оланд во многу прашања е старомоден социјалист со помалку симпатии кон драстичните штедења, директно имаше место за разидувања кои беа истакнати, но двајцата лидери ги почуствуваа опасностите за раздор во срцето на еврозната и внимаваа тоа да не се случи.

Со „едногласниот“ договор изгледа дека опасноста од отворен распец во срцето на Европа била избегната, како и ризикот од „грексит“. Затегнатоста всушност ќе остане, не само затоа што во принцип сфаќањата за долгот во северна и јужна Европа се толку различни, туку и затоа што во целиот регион повторно ја дига главата старомодната геополитика која ги одвлекува дури и најстарите членки на ЕУ во негатива насока.

Јужните земји се исправени пред кризата со бегалците кои доаѓаат од другата страна на Средоземното Море, а Франција делумно се врати кон Африка како „нуспојава“ по хаосот во Либија. Земјите во северна, а особено во источна Европа, повторно се вознемирени од Русија по случувањата во Украина, но нивните стравови целосно не се споделуваат од „новите“ Европејци кои се појужно, кој пак се повеќе се вознемирени од економските загуби од антируските санкции.

Земјите во ЕУ веднаш започнаа да гледаат кон иднината на многу начини – различни и разединувачки. Но, засега француско-германскиот сојуз останува постојан, а Унијата, вклучувајќи ја и заедничката валута, останува недопрени.

Во ноќта во неделата кон понеделникот, беше можно, макар и лефтерно, да се почувствува какви се опасности не демнат, ако тој центар не издржи.

Би можело да ве интересира

Големи пожари избувнаа низ Грција, пристигнуваат хеликоптери за да им помогнат на пожарникарите

Горан Наумовски

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Писонеро: Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ пат

ЕУ ги отвори пристапните преговори со Украина

Горан Наумовски

Маринакис: Постои само едно толкување на ерга омнес

Катерина Ѓуровски

Грчки медиуми: Владата на Мицкоски доби доверба од Собранието – положи заклетва под уставното име