ГРЕКО: Финансирањето на партиите е „најсива“ зона

Од:

Македонија од 13, исполнила само седум препораки од групата држави против корупција ГРЕКО .

Најголемите забелешки се за финансирањето на политичките партии.

Во владина постапка се измените и дополнувањата на Изборниот законик и Законот за финансирање на политичките партии. Оваа зона е посочена како „најсива“ и од ГРЕКО. Од шест препораки, Владата делумно исполнила само една

Македонија има рок да се поправи до 30 септември 2013 година.

„Со цел за подобрување на финансиската дисциплина на партиите, ГРЕКО препорачува работа на подобрување на обрасците за извештаите кои ќе овозможат целосен увид во финансиите на партиите, обуки во поглед на водењето на финансиските извештаи, потребата од понатамошно јакнење на Државниот завод за ревизија како водечко супервизиско тело, неговите овластувања, ресурси и капацитети за да врши проактивна и ефикасна супервизија, истрага и извршување на прописите за партиско финансирање“ изјави Анета Арнаудава, претставничката на Македонија во ГРЕКО.

Според претседателката на Транспаренси интернешнал Македонија, Слаѓана Тасева, целиот државен систем, Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупцијата и Јавното обвнителство се вклопиле во сликата дека не постои политичка волја за ефикасна контрола над финансирањето во политиката.

Ревизорите, според неа, толерираат незаконски однесувања на одговорните лица за организирање на изборната кампања, со што се добива впечаток дека оваа институција функционира како продолжена рака на власта.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Има сомневања за сериозни злоупотреби во АД ЕСМ

Предраг Петровиќ

ДУИ бара меѓународен ветинг за високата корупција

Вицепремиерот за добро владеење за борбата против корупцијата зборуваше на албански и англиски, на македонски не можел да се изрази

Катерина Ѓуровски

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски