Кредиторите на Грција ќе треба од некаде да ја пополнат дупката од 32,6 милијарди евра доколку на земјата и се дозволи продолжување на рокот за две години за буџетските реформи, се наведува во неконечната варијанта на извештајот на „тројката“.
Потребите на Грција изнесуваат 15 милијарди евра до 2014 година и 17,6 милијарди евра за 2015 и 2016 година, но е можно сумите да се се зголемат, наведуваат меѓународните кредитори во документот.
Без двегодишно одложување финансиската дупка би изнесувала 22,9 милијарди евра до 2016 година.