Грција се надева дека следната недела ќе има генерален договор со кредиторите

Од:

Основното сценарио на кое секој работи е да имаме генерален договор на 22 мај, со дефинирање на среднорочни мерки за долгот и ратификација на Договорот на техничко ниво, изјави денеска портпаролот на грчката Влада, Димитрис Цанакопулос.

– Пораките што ги добиваме и од политички и од финансиски сектори докажуваат дека сме до последната фаза и веројатно на 22 мај или некој ден подоцна ќе имаме договор, истакна тој.

Цанакопулос нагласи дека грчката Влада нема да ги спроведе мерките ако ММФ не учествува во програмата или ако не се дефинирани среднорочните мерки за грчкиот долг, затоа што, како што рече, ММФ ги бараше овие мерки, а не Европејците.

Инаку денеска попладне политичките лидери ќе одржат говори во Парламентот во рамките на дебатата за новиот нацрт занот за мерките, а гласањето ќе се спроведе во 24 часот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит