Грција подготвена да го прифати договорот на кредиторите под одредени услови

Од:

Грција е подготвена да го прифати предлогот на кредиторите со некои промени, додавки или појаснувања, како дел од продолжување на програмата на Европскиот фонд за финансиска стабилност (ЕФСФ) и новиот договор со Европскиот механизам за стабилност за кого денеска поднесуваме барање.

Ова, како што јави дописникот на МИА од Атина, се вели во последното писмо со датум од 30 јуни, што грчкиот премиер Алсксис Ципрас го испратил до претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, претседателот на Европската централна банка, Марио Драги и управниот директор на ММФ, Кристин Лагард.

Според последниот предлог на Грција, Атина е подготвена да го прифати договорот составен на техничко ниво, под услов да остане попустот од 30 отсто на ДДВ за островите.

Грција услови

Во врска со пензиските реформи, грчкиот премиер бара промените за поместување на старосната граница за пензионирање на 67 години да почнат да се имплементираат од октомри 2022 година, а не веднаш.

Покрај тоа, грчкиот премиер сака да го одложи спроведувањето на „клаузулата за нула дефицит“ и е против приватизацијата на независниот оператор за пренос на електрична енергија – АДМИЕ.

Според „То Вима“, неименуван европски извор изјавил дека условите што Грција ги поставила за да го потпише договорот, може да не бидат прифатени од страна на сите министри за финансии од Еврозоната.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица