Грција почна со распродажба на удели во државните компании

Од:

Интензивната приватизација во сферата на услугите и енергетиката, согласно спогодбата меѓу грчката владата и нејзините меѓународни кредитори, предвидува освен распродажба на државниот капитал да вклучува уште и намалување на пензиите и на неоданочениот минимум во замена за доделување на надворешната финансиска помош за земјата, соопшти весникот „Та неа“.

Се очекува во рамки на спогодбата да се распродадат удели од државните компании и тоа децидно наведни: 17 отсто од Националната енергетска компанија (ДЕИ), 11 отсто од водоснабдителната компанија (ЕВДАП), 23 отсто од солунската ВиК (ЕВАТ), пет отсто од Телекомот ОТЕ, 65 отсто од компанијата за дитрибуција на гас ДЕПА, 35 отсто од нафтената компанија ЕЛПЕ и 30 отсто од меѓународниот аеродром „Венизелос“.

За дистрибутерот со гас ДЕСФА е договорена процедура за приватизација на 66 отсто од капиталот на компнаијата, а останатите 34 отсто ќе бидат зачувани од страна на грчката држава.

Приватизирани ќе бидат уште и централите на лигнит.

Спогодбата предвидува приходите од приватизацијата во 2018 година да изнесуваат на 2,3 милијарди евра. Тие би можеле да бидат собрани, доколку тендерите почнат да се објавуваат уште оваа година.

Согласно договорот со кредиторите Грција неодамна за 1,1 милијарда евра на тендер продаде 67 отсто од солунското пристаниште на германско-грчко-француско-кинески конзорциум.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит