Грција планира да потпише меморандум за „Турски поток“ до крајот на месецот

Од:

Грција планира да потпише меморандум за политичка поддршка на изградбата на гасоводот „Турски поток“ на меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, изјави во интервју за телевизија „Русија 24, грчкиот министер за реформи, животна средина и енергетика Панајотис Лафазанис.

– До 18-20 јуни активно ќе го подготвуваме тој документ, што ќе содржи првенствено политичка поддршка, истакна министерот, додавајќи дека цената на грчкиот дел од гасоводот ќе изнесува 2 милијарди долари, пренесува ТАСС.

Според Лафазанис од грчките компании постои голем интерес за изградба и користење на гасоводот во следната фаза, како и дека со тоа ќе управува грчка државна компанија.

Лафазанис истакна дека прашањето за финансирање е решено и дека инфраструктурниот проект се проценува на околу 2 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

„Гаспром“ е безбеден уште 110 години

Русија годинава извезла повеќе гас во Европа отколку во 2023 година

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Дали Русите ќе ги загрозат подморските кабли: Во САД загрижени за движењето на подморниците

Предраг Петровиќ

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил