Грција нема да воведе нови мерки за штедење доколку го намали буџетскиот дефицит

Од:

Грција ќе нема потреба да воведува нови мерки за штедење во вид на намалување на плати и пензии оваа и следната година, доколку успее навреме да го намали буџетскиот дефицит, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас.

Тој истакна дека Министерството за финансии разгледува начини за давање одредени привилегии за даночните обврзници, доколку тие им приложат на даночните инспекции потврда за платени стоки и услуги од нивна страна, кои ќе се совпаѓаат со нивните реални годишни приходи и трошоци.

Според Стурнарас, претстојното, планирано за од 1 август, пробно намалување на ДДВ за угостителскиот сектор од 23 на 13 отсто, се очекува да ја стимулира потрошувачката, да ги доведе даночните коефициенти до конкурентско ниво во споредба со соседните држави, како и да придонесе за намалување на индиректните даноци, веднаш штом тоа ќе го дозволи состојбата.

Тој нагласи дека буџетскиот дефицит на Грција по јули 2014 година ќе биде „доволно мал“ и не ќе може да создаде некаков проблем.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит