Грција може да помогне да се реши енергетската несигурност во ЕУ

Од:

Грција може да помогне во решавањето на европската енергетска несигурност со помош на неискористени ресурси, изјави грчкиот премиер Андонис Самарас.

– Грција може да има клучна улога во намалување на европската несигурност во снабдување со енергија, изјави Самарас на меѓународната конференција за енергетика одржана во Атина.

Грција се надева дека во следните 15 години може да привлече неколку милијарди евра, благодарение на подморски нафтени наоѓалишта во Јонското Море и во близина на Крит.

Проценките се дека во заливот Патрас има околу 200 милиони барели нафта додека во близина на Јанина меѓу 50 и 80 милиони барели нафта.Грција лани ангажираше норвешка компанија за да спроведе сеизмички истражувања во Јонското Море и јужно од Крит во потрага по нафта и природен гас.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент