Грција ќе добие уште 9,2 милијарди евра од помошта

Од:

 Еврогрупата доцна синоќа одобри на Грција да и се доделат уште 9,2 милијарди евра од пакетот помош за земјата, јави дописникот на МИА од Атина.

На својот последен состанок како шеф на Еврогрупата, Жан-Клод Јункер рече дека Грција ги исполнила условите за јануари и оти министрите за финансии на еврозоната ќе препорачаат доделување на финансиската помош.

– Со задоволство истакнуваме дека сите договорени активности за јануари се завршени, изјави Јункер. Во изјавата на министрите по синоќешниот состанок се вели дека е донесена реформата на данокот на приход, прилагодени се цените на електричната енергија, како и цената на обновливите извори на енергија.

Во документот се поздравува и заложбата на грчката Влада од пролет да го поедностави законот за данокот на доход. Од 9,2 милијарди евра што ќе ги добие Атина, седум милијарди евра ќе бидат потрошени за трошоците за рекапитализација.

Во неговата последна изјава како шеф на Еврогрупата, Јункер ја истакна потребата еврозоната да ги заштити своите членки. – Имам голема восхит и љубов кон Грција и голема восхит за Ирска и Португалија. Се надевам дека овие земји ќе бидат наградени, рече Јункер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција