Грција ја продаде лотаријата

Од:

Грција ја заврши продажбата на 33 проценти од уделот во државната монополска компанија за организирање лотарија и обложување на спортски резултати, ОПАП. Триесет и три отсто од уделот во ОПАП се продадени за 652 милиони евра.

Нов соственик на фирмата е чешко-грчкиот конзорциум „Ема Делта“, соопшти Државниот фонд за приватизација на Грција.

Продажбата на една третина од ОПАП е првата приватизација, која од Грција ја бараа Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд во рамки на спогодбата за финасиска помош.

Атина продажбата ја објави уште во мај, но таа се оддолжи поради спорот за надоместоците, кои ОПАП требаше да им ги плати на своите партнери за технолошки услуги и печатење.

ОПАП е една од најголемите лотариски фирми во Европа со акции на берзата и обрт од околу четири милијарди евра. Фирмата има монопол на спортски обложувања до 2020 година, а на лотаријата до 2030. Исто така поседува ексклузивни права за користење на видеолотарискиот терминал ВЛТ.

ОПАП нема никакви долгови и е најпрофитабилна фирма во Грција.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски