Грчката Влада претпладнево постигнa договор со кредиторите, јавија грчките медиуми.
– Имаме бел чад, имаме договор, изјавил добро информиран извор по денешните средби меѓу грчките и претставниците на меѓународните институции.
Според информациите, како што јави дописникот на МИА од Атина, двете страни направиле компромиси за прашања во врска со „лошите кредити“, фондовите за приватизација и дерегулацијата на пазарот на енергетика.
Сепак, некои детали во врска со реформите остануваат отворени и ќе бидат разгледани од страна на техничките групи.
Договорот е постигнат по маратонските дискусии кои траеја 22 часа.