Грција го одобри договорот за трет пакет финансиска помош од кредиторите

Од:

Со 222 гласа „за“, 64 „против“ и 11 „воздржани“, грчкиот парламент го одобри новиот договор постигнат меѓу Владата и кредиторите за третиот пакет финансиска помош за државата. Гласањето се одржа по седумчасовни дебати.

Премиерот Алексис Ципрас го оквалификува договорот како „принуден избор“. Истакна дека до тој избор се стигнало откако државата била соочена со дилемата – Или меморандум со еврото или меморандум со драхмата.

Ципрас ќе побара гласање за доверба на Влдата од парламентот по 20 август кога стигнува плаќањето на оврски кон ЕЦБ, јави локалната Скај.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит