Грција бележи рекордна невработеност од 27 отсто

Од:

Рекордна невработеност од 27 отсто во февруари пресмета Националната статистичка служба на Грција ЕЛСТАТ, соопшти грчкото издание Нуз.

Во јануари невработеноста во земјата изнесуваше 26,7 отсто, а не 27,2 отсто, колку што беше првично соопштено.

Во февруари 2012 година невработеноста во Грција изнесуваше 21,9 отсто. Според ЕЛСТАТ, бројот на вработени е 3.568.186 лица, а без работа се 1.320.189. Во однос на февруари 2012 година регистрирано е намалување на бројот на вработените за 270.766.

Во однос на јануари годинава вработени се 28.650 лица помалку. Кај младите до 24 години невработеноста скокнала до 64,2 отсто од 54,1 отсто во февруари 2012 година.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина