Грчките штедачи ги раситнуваат банкарските сметки под сто илјади евра

Од:

Илјадници штедачи во Грција почнаа да ги раситнуваат банкарските сметки на различни носители со цел да избегнат венетуално оданочување, слично како на Кипар, каде беше договорено оданочување на депозитите над сто илјади евра, јавуваат локални медиуми.

Грците прават напори за задржување на сметките на физичките лица под 100.000 евра.

Во изминатите две недели во грчките банки се поднесени голем број барања од клиенти за раситнување на штедните влогови на повеќе различни помали сметки, кои ќе бидат под границата од сто илјади евра.

Причина за тоа е усвоениот од Еврогрупата план за спас на Кипар, што предвидува 60-процентно намалување на депозитите над 100 илјади евра на островот.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски