Грчките банки продаваат недвижности и фирми-ќерки на Балканот и во Југоисточна Европа

Од:

Катимерини – Атина

Системските банки во Грција во скоро време ќе го фокусираат вниманието на продажбата на свои недвижности, бидејќи институционализирањето на електронските наддавања создава една коренито нова ситуација.

Така, по години на недејствување тие ќе пристапат кон продажби и наддавања за имоти со цел подобро да го искористат големиот број на недвижности кои ги имаат на располагање, а исто така и да извршат притисок врз таканаречените стратешки партнери.

Впрочем, заслужува да се одбележи дека во следните десет години невратените кредити ќе претставуваат најголемиот предизвик пред кој се исправени банките.

Истовремено, на повидок е намалување на банкарскиот сектор во Грција. Во 2009, банкарските клонови броеле 4079, а во јуни 2016 година нивниот број паднал на 2343, или 42,5 проценти помалку.

Исто е намален и бројот на вработените во банките. Во 2009 имало 65,683 банкарски работници, а во јуни 2016 тој број изнесувал 46,615 или 29 проценти помалку.

Паралелно со тоа банките се во финална фаза на изготвување на своите програми за преструктурирање на секторот, договорен со европските институции.

Односните програми ги задолжуваат банките да се повлечат од секаква небанкова дејност, а исто и од повеќето земји од Југоисточна Европа, каде биле присутни.

Системските грчки банки веќе организираа продажби на осигурителни компании – до крајот на минатиот месец Националната банка на Грција заврши со продажбата на Етники асфалистики, а исто и на компании кои управуваат со недвижности, хотелски фирми, различни видови други уддели и тн.

Банка Пиреос по завршувањето со управувачките промени, ќе пристапи со брзи чекори кон реализацијата на програмата за преструктурирање, односно ангажманот која таа го презела спрема европските институции.
Конзорциумот Пиреос создаде електронска платформа за продажба на свои недвижности во рамките на напорите за поефикасно управување со тие залихи од имоти. Станува збор за имоти кои се сопственоста на банката, а тие се секакви: канцеларии, парцели, апартмани и др. Првото тргување со такви имоти се очекува да се одржи овој месец.

Со продажбата на недвижности, Банка Пиреос освен што ќе очекува приходи, ќе се откачи и од значителни расходи со одржувањето на тие имоти и на тој начин ќе „ослободи“ средства кои ќе отидат во реалната економија.

Во врска со тоа се подвлекува дека електронската платформа на Банка Пиреос се однесува на недвижности на банката и не е поврзана со институционализирањето и функционирањето на електронските наддавања и тргвања, кои ќе ги заменат традиционалните наддавања и кои во последно време и не се организираат.

Електронските наддавања, сметаат од банката, корисно ќе влијаат за надминување на стратешки лошите пласмани, кои според некои оценки можат да достигнат до 20 проценти.

Што се однесува на активите во странство, од 2012 година грчките банки вовеле поцедура за нивно повлекување од земји како Турција, Полска, Украина, Србија, Македонија и Египет, додека истовремено сеуште поддржуаат дејност на Кипар, во Бугарија, Романија и Албанија.
Според плановите за преструктурирање, Националната банка на Грција и Банка Пиреос не треба да пристапат кон продажба на сите свои банки=ќерки, а Алфа банк и Јуробанк ќе го задржат своето присуство во двете земји.

Во секој случај, во новата ситуација присуството на банките во странство ќе биде многу ограничено. Интересен е фактот дека на крајот на 2015 година, кредитните портолија во странство беше ограничен на 27,4 милијарди евра, од претходните 56,5 милијарди евра колку што беше на крајот на 2010 година, и од над 60 милијарди евра од пред кризата.

Во споредба со крајот на 2008 година, грчките банкарски конзорциуми најмногу како резултат на продажба на фирми-ќерки, го намалија својот персонал во странство на 26,200 вработени. Заедно со ова значително беше скратена и мрежата од експозитури.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит