Грчкиот Парламент ги усвои законите за преструктуирање на државниот сектор

Од:

Грчкиот Парламент доцна синоќа ги усвои пакетот закони за преструктуирање на државниот сектор.

Непопуларните економски мерки, кои ги бараат меѓународните кредитори на земјата, беа одобрени по полноќ со 153 гласови „за“ од вкупно 293 присутни пратеници во 300-члениот Парламент.

Новите закони го отвараат патот за масовни кратења во државниот сектор на Грција. Нивното усвојување беше услов за отпуштањето на следната транша од пакет за спас на земјата во висина од 6,8 милијарди евра од страна на Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.

Гласањето беше првиот важен тест за Владата на премиерот Андонис Самарас, откако најмалиот партнер, Демократската левица, минатиот месец ја напушти владејачката коалиција во знак на протест поради затворањето на државната радио и телевизија ЕРТ. Кабинетот во моментот ја има поддршката на десноцентристичката Нова демократија на Самарас и на социјалистите од ПАСОК.

Пакетот вклучува кратење или префрлување на работни места на 25 илјади државни службеници, претежно наставници и локални полицајци. Пакетот предвидува укинување на 15 илјади работни места во државниот сектор до крајот на 2014 година и префрлување на 12.500 вработени во т.н. „мобилна шема“, при што тие ќе бидат преместени на други должности и ќе треба да си најдат нова работа во рок од осум месеци, по што ќе бидат отпуштени.

Изминатите денови беа одбележани со секојдневни протести и штрајкови против новите мерки.

Околу пет илјади лица протестираа мирно пред Парламентот пред гласањето, извикувајќи пароли против економските мерки.

Неколку часа пред гласањето премиерот Самарас објави прво намалување на даноокот на додадена вредност од почетокот на кризата пред четири години. Од август ДДВ за рестораните, баровите и кафулињата ќе биде намален од 23 на 13 отсто со цел да се поттикне туризмот, кој е клучен сектор за грчката економија.

Во Грција денеска ќе допатува германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, кој пред посетата изрази надеж дека грчката Влада ќе го продолжи курсот на закрепнување на економијата.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски