Грчки синдикат најавува нови протести в понеделник

Од:

Грчкиот синдикат на вработени во државната управа планира тричасовно запирање на работата в понеделник и протести во Атина во врска со плановите на Владата за принудно префрлање на работна сила.

Грција во тие мерки вклучува и преместување во други градови на 3.500 општински полицајци како и префрлање на професори од средни училишта во основни училишта заедно со намалување на персоналот.

Тоа беше обелоденето по средба на претставници од министерството за административна реформа по разговори со инспектори од „тројката“ меѓународни кредитори во петокот. Општински полицајци вчера го блокираа сообраќајот во Атина во знак на протест.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица