На новата “Лагард листа”, на имиња на богати Грци со сметки во швајцарски банки, наводно, се наоѓаат четири нови имиња.
Се сомнева дека овие четири имиња се избришани од оригиналната листа од 2010 година, по интервенција на еден министер.
АП наведува, повикувајќи се на неидентификувани судски извори, дека станува збор за имињата на четири роднини на еден поранешен министер, кој не е именуван. Поранешниот министер за одбрана Јоргос Папаконстантину негираше дека тој ја променил содржината на листата.
Грчката агенција АНА пишува дека четирите имиња, од кои едното е поврзано со неименуван поранешен министер преку сега починатата личност, е единствената разлика помеѓу првата и новата листа.
Листата од 2010 година, која и беше доставена на владата на Грција од претседателката на ММФ, Кристин Лагард, тогашна министерка за финансии на франција, содржеше имиња на повеќе од 2.000 поединци, клиенти на банката ХСБЦ во Швајцарија.
Обвинителите, кои врз основа на оваа листа треба да ги испитаат наводите за даночно затајување, претходно овој месец уште еднаш од Франција го побараа оригиналот, затоа што мислеле дека податоците на оригиналната листа се променети, а новиот примерок пристигна во Атина минатата недела.
Копија од новата листа е доставена до Врховниот суд, а потоа на Министерството за правда, кое, по испитувањето, ќе го парламентарната истражна комисија, објави АНА Оригиналната листа ја поседуваа поранешните министри за финансии, Евангелос Венизелос и Папаконстантину.
Веднаш откако се појавија наводи за тоа дека оригиналната листа од пред две години е менувана, Папаконстантину во писмена изјава негира дека учествувал во тоа, и дека е на било каков начин поврзан со банкарските сметки во странство.
Тој повика да се спроведе целосна истрага за сите банкарски сметки напомнувајќи дека оригиналната листа е испратена на Грција по негово барање.
“Лагард листата” предизвика големи контроверзии во Грција откако беше објавен во атинското списание “Hot dok” во октомври.