Грчката влада планира да го намали ДДВ-то за угостителските објекти од 23 на 13%

Од:

Грчкиот министер за туризам Олга Кефалојани изјави дека Владата ќе се обиде да го намали ДДВ-то за рестораните, кафулињата и баровите, објави електронското издание на весникот „Катимерини“.

Данокот беше зголемен на 23 отсто од Владата на Социјалистичката партија ПАСОК во рамки на напорите за зголемување на даночните приходи, но падот на побарувачката доведе до негативни резултати.

Се пресметува дека прометот во прехранбениот сектор и во кетерингот се намалил за околу 40 отсто.

За време на предизборната кампања во летото лидерот на Нова демократија Андонис Самарас, кој е актуелен премиер, вети да ја намали ставката на ДДВ-то за угостителските објекти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција