Грчката Влада бара начини како да ја намали невработеноста

Од:

Грчкиот премиер Андонис Самарас синоќа се сретна со лидерите на коалициските партнери ПАСОК и Демократската левица (ДИМАР), Евангелос Венизелос и Фотис Кувелис.

На состанокот е разговарано за прашања што се однесуваат на владините приоритети против невработеноста, менаџирањето со фондовите на Националната стратешка референтна рамка и работата на сите министерства.

Кувелис по состанокот изјави дека нема да има отпушатања во јавниот сектор и додаде дека во наредните денови ќе биде објавена цела програма за поддршка на семејствата во кои нема вработени.

Тој исто така рече дека ниту еден невработен не смее да остане без медицинска и фармацевтска грижа и истакна дека моменталните приоритети на Владата се фокусирани на раст. На средбата присуствуваше и министерот за финансии Јанис Стурнарас кој по разговорите /истакна дека целта на Владата е намалување на невработеноста меѓу младите луѓе.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент