Грчка парламентарна комисија ги одобри пакетот закони за реформи на државниот сектор

Од:

Комисијата за економски прашања на грчкиот Парламент денеска го усвои пакетот предлог-закони со кои се предвидуваат серија измени, меѓу кои и во државниот сектор и даночната политика, чие усвојување е услов за продолжување на финансиската помош од меѓународните кредитори за Грција.

„За“ пакетот предлог-закони гласаа претениците од Нова демократија и ПАСОК, додека претставниците на Демократската левица, која минатиот месец ја напушти владејачката коалиција, се изјаснија „против“.

Дебатите за пакет предлог-законите, каде се вклучени над 100 измени ќе продолжат на пленарна седница на Парламентот, а по нив најверојатно ќе се гласа в среда.

Во исто време, вработените во локалната власт продолжија со „окупација“ на зградите на општинските администрации во Атина и другите градови, во знак на протест поради плановите за намалување на платите на државните службеници.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент