Грчка бизнис делегација во Скопје на билатерален економски форум

Од:

Голема грчка бизнис делегација од агро-бизнис секторот, градежништвото, прехранбената, млечната, винската, хемиската и челичната индустрија, денеска ќе учествува на билатерален економски форум во Скопје што го организира Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), под покровителство на Универзитетот Колумбија од САД.

Бизнис-делегацијата, предводена од Киријакос Лефакис, ќе престојува во Македонија два дена при што, покрај учество на форумот, ќе има и средба со претседателот на ССК Данела Арсовска, како и со претставници на ССК. Планирани се и посети на неколку компании – членки на Сојузот на стопанските комори. На форумот ќе присуствува и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска.

Билатералниот македонско-грчки економски форум се одржува како резултат на веќе воспоставените добри деловни релации меѓу организациите од двете земји. Во 2015 година, првпат од осамостојувањето на Република Македонија, ССК го потпиша првиот билатерален Договор за соработка по што се одржа и првиот грчко- македонски бизнис форум во Солун кој го отвори градоначалникот на Солун Јанис Бутарис.

Според програмата на форумот, по официјалниот дел ќе се одржат и Б2Б средби.

– Билатералниот економски форум е одлична можност за унапредување на економската соработка меѓу двете земји, воспоставување повисоки облици на соработка, партнерства, заедничко учество на проекти како и настап на трети пазари, велат од ССК.

Воедно информираат дека престојот на стопанствениците од Грција во Македонија ќе биде проследен и од националните грчки медиуми кои се дел од бизнис делегацијата.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски