Граѓаните со нереални сметки за струја да поднесат претставка до РКЕ

Од:

Граѓаните чии сметки за електрична енергија не соодветствуваат со реалната потрошувачка, и истите не се корегирани од ЕВН, можат да поднесат претставка до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги која има надлежност да постапува во овие случаи, информираат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.

– Граѓаните можат самостојно да извршат отчитување на броилото на електрична енергија и состојбата да ја пријават соодветно преку интернет платформата на ЕВН. Доколку добиената сметката отстапува од реалната состојба што ја прикажува броилото, компанијата е должна да изврши корекција на месечната сметка за потрошена електрична енергија. Во случај да не бидат корегирани податоците и сметката ако отстапува од реалната потрошувачката на електрична енергија во висока и ниска тарифа потрошувачите можат да се обратат до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги која ќе посредува со цел да добијат сметка во која ќе биде фактурирана потрошената електрична енергија, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Од РКЕ посочуваат дека поради вонредната состојба, а почитувајќи ги препораките на Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија за заштита од ширење на коронавирусот, дел од компаниите врз кои имаат надлежност ги дигитализрале услугите со цел да се заштити здравјето на граѓаните и да се намали физичкиот контакт.

Би можело да ве интересира

Раскинат е договорот со изведувачот на проектот за 400 киловолтна интерконекција со Албанија

Разрешени двајца членови на Регулаторната комисија за енергетика

А1он

РКЕ утре се очекува да ја соопшти цената на струјата што ќе важи од јануари идната година

А1он

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски