Граѓаните од Автокоманда поевтино ќе се греат преку ЕЛЕМ Енергетика

Од:

Граѓаните од населбата Автокоманда од вчера имаат можност певтино, за 15 до 20 отсто, и поквалитетно, со 24 часовна покриеност, да се греат на цетралното греење.

Тоа го овозможува Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за изменување и дополнување на лиценцата за вршење енергетска дејност „Снабдување со топлинска енергија“ на АД ЕЛЕМ, подружница Енергетика, со која и се дозволува да испорачува топлинска енергија за потребите на населбата Автокоманда.

Генералниот директор на АД ЕЛЕМ Дејан Бошковски заедно со градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски денеска беа во населбата Автокоманда за да се сретнат со граѓаните и да видат како започна преземањето на греењето.

– АД ЕЛЕМ во текот на минатата година го направи магистралниот топловод во должина од два километра за населбата Автоокоманда, инвестиција вредна 1,7 милиони евра направена на барање на граѓаните и на локалната самоуправа во соработка со Град Скопје. Со топлинската енергија што се обезбедува од ЕЛЕМ Енергетика досега се загреваа 2.170 домаќинства и 72 јавни објекти на територијата на  Маџари, Триангла, Хиподром, Железара и дел од Автокоманда, а со новата инвестиција ќе им се приклучат уште 1.854 семејства во 70 станбени единици, како и градинки,  училилишта, спортски сали и трговски објекти, изјави Бошковски.

Тој изрази надеж дека со оваа инвестиција ќе се подобрат и квалитетот и условите за греење на граѓаните.

– Како што разбрав од граѓаните, преку 500 семејства од вчера повторно се вратиле на централното греење, со што значително ќе се олесни работата на електро-енергетскиот систем, посебно во овие зимски услови. Во зависност од интересот на граѓаните се планира да има и нови инвестиции во другите населби, рече Бошковски и додаде дека ќе прават напори да потпишат уште договори за испорака на топлинска енергија.

ЕЛЕМ-енергетика, нагласи, е подготвена да им пружи квалитетни услуги на граѓаните и додаде дека техничките проблеми кои постојат при преземањето навреме се отстрануваат.

Градоначалникот Трајановски, кој живее во населбата Автокоманда, рече дека веќе подолго време од Урбаната заедница Автокоманда барале да се приклучат на парното греење од ЕЛЕМ Енергетика  зашто, како што кажа, тоа е поевтино, постабилно и континурирано во текот на 24 часа.

– Подолго време работевме на овој проблем и еве од вчера започна централното греење во Автокоманда  со што сега општина Гази Баба целосно се затоплува преку ЕЛЕМ Енергетика, рече Трајановски.

Градоначалникот Трајковски, пак, посочи дека досега најголем дел, односно 90 отсто од граѓаните од населбата Автокоманда, се затоплуваа со топлинската енергија што се произведуваше и дистрибуираше преку Топлификација.

– Сакам да му се заблагодарам на ЕЛЕМ што ја прифати иницијативата на жителите од Автокоманда за приклучување на системот на греење на ЕЛЕМ Енергетика која функционира во кругот на поранешна Железара. Граѓаните тоа го побараа заради поквалитетното 24-часовно греење и пониската цена. Од разговорите со нив можеме да видиме  дека се задоволни и оти и оние кои беа исклучени од Топлификација и се грееја на струја сега побараа да се греат преку ЕЛЕМ, рече Трајковски.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски

За 25 месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори