Гошев, Узунов и Поповски, вечерва ќе говорат за буџетот за 2015-та

Од:

„Во 2015 година вистински ќе почнеме да ја плаќаме штетата од досегашните погрешни политики на оваа власт. Растат буџетите, задолжувањата, обврските за плаќања на долговите, расте сиромаштијата.“ Ова е најата за дебатата која ќе се одржи вечерва, во 19 часот, во ГЕМ клуб, каде Петар Гошев, Ванчо Узунов и Никола Поповски ќе ги дадат своите согледувања на темата „2015 низ призмата на Буџетот на Република Македонија“.

Дебатата ќе ги отвори прашањата за тоа дали може македонската економија да издржи гломазен буџет од 3 милијарди евра и до каде може да се растегнува разликата помеѓу проектираните и реализираните нивоа на дефицит. Меѓудругото, ќе се говори и за тоа дали оваа власт има капацитет за реални и издржани капитални проекти и за тоа уште колку нововработени партиски војници може да издржи јавната администрација и македонската економија.

Настанот е организација на Фондација Отворено општество – Македонија, а модератор ќе биде Анета Додевска.

Би можело да ве интересира

Буџет од 300 долари добива македонскиот амбасадор во САД, вели Мицкоски

МФ: Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното, 2025 започнува ликвидно и стабилно

Советниците го изгласа Буџетот на Град Скопје за 2025 година

Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025

Катерина Ѓуровски

Димитриеска Кочоска: Буџетот за 2025 година обезбедува непречено функционирање на институциите и државата

Битиќи: Предлог-буџетот за 2025 година не одговара на реалноста го премолучува реалниот дефицит

Горан Наумовски