Чии се нашите пари„ или „Како се управува со нашите пари“?, ова беше темата на денешната трибина, организирана во рамките на одбележувањето на 20-годишнината од својата работа Фондацијата Отворено општество.
Ова , рече отворајќи ја трибината, извршниот директор Владимир Милчин, не е време за славење, туку за работа.
„Повеќе се добива сега, ако се аплаудира, отколку да се разговара со факти. Фактите не се лесно достапни иако има Закон за слободен пристап до информации. Запоставена е јавната дебата“, рече Милчин.
Петар Гошев, поранешен гувернер на Народната банка на Македонија, укажа беспримерно зголемување на администрацијата, притисоци врз јавните претпријатија и регулаторните тела, се менува урбанистичкиот лик, и се гледа во минатото.
Се величаат, рече Гошев, личности кои биле минорни или контроверзни, а нема ниту цена на секој проект поединечно.Се заложи во Кривичниот закон да се предвидат остри казни за оние кои не го објавуваат јавниот долг.
Не се вистинити тврдењата рече, дека сме ниско или средно задолжена земја, тоа е само за пропагандни цели.
„Нашиот долг е неодржлив“, рече Гошев, тој е над 3 милијарди и е 45 проценти од БДП
Поранешниот министер за финансии Трајко Славески, не се согласува дека јавниот долг е неодржлив, но сепак укажа дека нема веќе место за натамошно зголемување на јавниот долг, чија црвена линија треба да биде 40%.
Ванчо Узунов од Правниот факултет „Јустинијан Први” , рече дека задолженоста е на црвена линија, но не е неодржлива, укажа за 10 месеци во 2012, за 300 милионие евра е зголемен домашниот долг на буџетот.
Македонската Влада неодамна објави дека буџетскиот дефицит за оваа и за наредната година се зголемува на 3,5 отсто од бруто домашниот производ (БДП) или 288 милиони евра за годинава. Со ова продолжува трендот на зголемувањена буџетскиот дефицит, за чие финансирање државата континуирано се задолжува – над една милијарда евра за последните шест години.