Горивата поскапуваат за половина денар по литар

Од:

Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,05 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61 денар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 63, ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) за 52,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 52 денара за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,428 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 25,824 денари за килограм.

Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемувањето на референтните цени на бензинот во просек за околу 2,574 отсто и за околу 1,568 отсто кај дизелот во последните седум дена, како и за 0,175 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Би можело да ве интересира

Бензините поевтини за половина денар по литар

Ана Ололовска

Бензините поевтини за денар и пол, дизелот за половина денар

Ана Ололовска

Горивата поскапуваат од половина до еден денар

Ана Ололовска

ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува, а Екстра лесното масло поскапува за половина денар

Ана Ололовска

Бензините и дизелот поскапуваат за еден денар

Ана Ололовска

Биогоривата со удел од само 0,19 проценти во вкупната потрошувачка на горива во 2019

Ана Ололовска