Горивата поевтинуваат за пола денар

Од:

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ поевтинуваат за 0,50 денари по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 1,50 денари. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 83,50 денари, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 81,50, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе чини 81,00 денар.

За 0,883 денари се намалува цената на Мазутот М-1 и еден килограм ќе изнесува 46,291 денари.

Би можело да ве интересира

Нови цени на горивата

Поевтинуваат горивата

Поскапува бензинот Еуросупер-95

Поскапуваат горивата

Поевтинува дизелот, цената на бензините останува иста

Од полноќ поевтин Суросупер-98