Горивата од полноќ повторно поскапуваат

Од:

Од полноќ ќе плаќаме повисоки цени за горивата.Сите горива поскапеа за 1,5 денари. Новите цени од полноќ ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 84,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 86,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 75,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 74,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 48,170 (денари/килограм.

Од Регулаторна комисија за енергетика инфорираат малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,93%.

-Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) се зголемуваат за 1,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.02.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 86,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 75,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 1,00 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.02.2022 година и со тоа малопродажната цена Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 74,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,249 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.02.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 48,170 ден/кг, соопштија од РКЕ.

Би можело да ве интересира

Поскапи горива од полноќ

Нова повисока цена на горивата

А1он

Повисоки цени на горивата од полноќ

Намалување на цените на горивата

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот, цените на бензините и на дизелот не се менуваат

Поскапуваат бензините