Горан Михајловски: Халк Осигурување АД Скопје ја постигна целта предвидена во 2021 година

Од:

Горан Михајловски, директор на Секторот за осигурување и маркетинг во Халк Осигурување АД Скопје, неодамна ги сподели и ги заокружи постигнатите цели што беа таргет на компанијата за изминатата 2021 година.

Како поддржувач на економскиот развој на Северна Македонија и на регионот, ја истакна својата комплетна поддршка за осигурувањето во нашата земја.

Господине Михајловски, како директор на Секторот за прием во осигурување и маркетинг во Халк Осигурување АД Скопје, дали сте задоволен со успесите и дали ја постигнавте целта што ја имавте поставено за 2021 година?

Со преземањето и ребрендирањето на Халк Осигурување АД Скопје во 2019 година и тогашниот капацитет на полисирана премија од само 5,6 милиони евра, во период од две години со континуиран раст од повеќе од 50 % на годишно ниво, полисираната премија ја зголемивме на 13,3 милиони евра.

Целта ни беше во 2021 година, со одлучни чекори, да го трасираме патот кон компанија што цврсто го освојува осигурителниот пазар со широка палета на конкурентни, перманентни, стабилни осигурителни производи, наменети и креирани според барањата на клиентите.

Вашето мото како компанија „Најсигурни со нас“ е и основа на вашето работење – оттука и вашите продукти што ги нуди Халк Осигурување АД Скопје. Може ли подетално да ни објасните што вклучува палетата на продукти што ги нуди вашата компанија?

Халк Осигурување АД Скопје, со сите показатели во работењето, се потврди дека е сериозен, стабилен и лојален партнер на граѓаните, стопанството и, генерално, на целото општество во нашата земја. Располагаме со голема палета на производи што опфаќаат различни типови осигурување и нивна комбинација, како што се пакети на осигурување наменети за одредени потреби и за одредени целни групи, и тоа: доброволно приватно здравствено осигурување, осигурување имот и домаќинства, автомобилска одговорност, осигурување од незгода, каско-осигурување, патничко осигурување, осигурување општа и професионална одговорност и многу други. Нашата цел е да развиеме продукти што ќе одговорат на сите потреби на граѓаните и на стопанството.

Која е улогата на вашата полиса „Доброволно приватно здравствено осигурување“?

Како посебен производ за здравствена заштита, кој директно ги засега луѓето и животот, го создадовме пакетот „Доброволно приватно здравствено осигурување“.

Оваа полиса е меѓу нашите приоритетни цели како компанија ориентирана кон луѓето.
Како дел од осигурителниот пазар, сакавме да покажеме дека стоиме зад секој граѓанин подготвувајќи специјални кампањи и пакети за потребата што се бара поради распространетата свест за „Здравјето е поважно од сè“ во општеството заедно со пандемијата.

Дополнително, полисата „Доброволно приватно здравствено осигурување“ со својата содржина и своите сегменти на покритија ја подготвивме имајќи ја предвид кризата предизвикана од КОВИД-19, која го зафати светот, од перспектива на осигурител во однос на заштитата и подобрувањето на здравјето на луѓето.

Пандемијата придонесе свеста во општеството да добие еден поинаков и посложен изглед, а со тоа и поинаков пристап до здравствените услуги, и укажа на предноста на полисите за приватно здравствено осигурување.

Господине Михајловски, што точно покрива оваа полиса земајќи предвид дека изминатиот месец беше посветен на женското здравје, додека, пак, овој месец, познат како #Movembar, е посветен на машкото здравје?

Ова е убав момент да се спомене дека ноември е месец на машкото здравје! Иако не треба да постои генерално месец за здравје! Велиме „Здравјето е пред сè“, а мислам дека не преземаме доволно одговорност за него. Кога станува збор за машкото здравје, премногу мажи не зборуваат за тоа и не преземаат ништо. Овој ноември приклучете се на движењето #Movember и подигнете ја свеста за редовни здравствени прегледи. Доброволното приватно здравствено осигурување на Халк Осигурување обезбедува повисок стандард на здравствените услуги. Ја препорачуваме нашата полиса за да се ослободиме од стравот дека нема да бидеме неподготвени за болести што ќе бараат високи трошоци, амбулантски или болнички третман во услови на индивидуален, локален или глобален здравствен проблем што денес ненадејно може да се појави. Секако, тука спаѓа и квалитетното лекување.

Која е целта за 2022 година на Халк Осигурување АД Скопје?

Целта на нашата компанија во иднина е развој на постојните продукти. Работиме на проширување на услугите што ги нудиме, а кои, пред сè, ќе му служат на општеството и ќе му овозможат побезбеден и постабилен живот на секое поле.

*ПР текст

Би можело да ве интересира

Интервју со Славчо Таушанов – извршен директор во Халк Осигурување АД Скопје

Интервју со Славчо Таушанов, Извршен директор во Халк Осигурување

Ана Ололовска

Долготрајна стратегија за подигнување на свеста за грижата на машкото здравје – поддршка во текот на целиот живот со Халк Осигурување

Жарко Настоски